објавено Мај 2

Моќна церемонија за отстранување на генерациски блокади за изобилие,, добиј неочекуван прилив на пари,,

Можеби мислиш дека манифестирање е само околу репрограмирање на потсвеста , но всушност постојат уште две нивоа подлабоко од самата потсвест, кои носат програми од несвсесниот ум и од нашата ДНК од таму ја управуваат реалноста.

Одредени ментални мисловни програми носат голема енергетска блокада која се ѕида со генерации и е навистина неповолна . Таа генерациска блокада за изобилие најчесто доаѓа од претходните генерации и е всадена во нашата днк.
Носи густа енергија во себе и се случува да луѓето колку и да се трудат да заработат , што и да направат едноставно не успева. Нашето тело содржи електро магнетно поле кое комуницира на несвесно ниво со се околу нас , зависно што имаме во нас тоа ќе се појави и пред нас . Значи ако си убеден дека нема што да дојде во животот убаво и неочекувано , нема ни да дојде .
Јас сум ВК автор на сите овие едукациони програми кои ги споделувам со тебе, а ќе ти помогнат да се отвориш за повеќе примање на убавина и изобилие на кое како човечка раса имаме право дадено од Бог .
Ќе ти предочам примери на мисловни форми кои се толку втемелени да не само што се во потсвест туку од несвесно се реализираат . Пример ,, ние сме чесно семејство , никој во нашата фамилија не бил богат,, Не ти требаат пари да се молиш за нив , држи до себе ние сме скромно семејство ,,.
Oва се несвесни механизми присутни во колективната свест, а се манифестираат преку блокади за прилив на следниов начин. Самосаботажа , не вложување во себе и сопственото елементарно финансиско образование ( зборувам во елементарна смисла, не сега години на тоа да се губат ) , лошо управување со парите кога тие ќе се појават во форма на инстантно и непотребно расфрлање , па потоа ги нема или како ми велат некои клиенти веднаш вика ми доаѓа да ги раздадам ваму таму некако да ослободам, велат чувствувам тензија ако имам итн.

Овие мисловни форми и несвесни програми се преземени од нашата днк и потекнуваат од фамилијарната лоза или од предците . Некои од овие блокади и се кармички во форма на завети , ветувања , невољи преточени во енергетски импринт на днк.
Денес ќе споделам со вас една моќна церемонија за отстранување и ослободување од овие програми и твое отворање за примање , преку еден тн клуч за сочувсвителност кој е доволно моќен за трансформација на програми на најдлабоко ниво .

Церемонијата која денес ќе ја споделам со вас ќе ти придонесе неверојатно чувство на јасност и леснотија и едноставно ќе знаеш дека во тебе настаната е промена
Кои се 3 нивоа каде живеат блокадите на кои и ние ќе работиме денес ќе придонесе целосно ослободување од работите кои не блокираат од сето она што го сакаме .


прво ниво – свесни мисли
тоа се оние мисли кои ги мислиме постојано во рутина и репетитивно и се околу нашето секојденвие, обврски, односи со другите луѓе


следно ниво – потсвесни
мисли кои се внесени уште од нашето детство и околината и навистина ни го водат животот
Ако мислиш дека ти си го водиш животот многу се лажеш и сега јасно ќе ти се потврди пример , ни сама не знаеш зошто нешто и едноставно не ти оди никако да ти успее или не знаеш зошто тој човек ти е толку одбивен или некој друг шармантен или не знаеш како ти доаѓа да експлодираш или имаш тензија од никаде . Ескалираш можеби и без причина или едноставно очајуваш по навика. Добредојде во потсвесни програми , токсични емоции редици на спомени стресни искуства непроцесирана болка. Оваа порција на енергија стои како густа заглавена структура која се појавува со поразителни одлуки , неуспех , грешки разочарувања.


трето ниво — несвесно ниво
немаме поим само повторуваме реченици од нашите родители , звучиме како нив без да воопшто се препрашаме