Како да го ресетираш твојот живот за 7 дена
Ако поминуваш низ тежок период и не можеш веќе да пронајдеш радост во твојот живот, ова е за тебе …
Заглавеноста во едно исто станува неподнослива во одреден момент ,едноставно не гледаш излез и што најчесто се случува
Пополека се навикнуваш на неиздржливо ,толерираш ,потиснуваш и веќе не можеш да поднесеш ..Бараш излез и чувствуваш дека има излез од ова .
Многу луѓе живеат вака ,исцрпувачки ,без креативна енергија ,бидејќи таа се троши многу брзо кога си во страдање и не гледаш излез
Колку време и енергија губиш на мисли поврзани со жалење по минатото,мисли за страсната иднина ,разни настани, неостварено желби ,постојано чувство на глад ,потреба за разонода со цел да се избега од реалноста
Сето ова е внатрешен крик и плач за излез од овој начин на живот
Чувството на постојан замор ти доаѓа од монотони секојдневни обврски ,незавршени работи ,решавање на туѓи барања ,угодување на други и листата само се билда..Модерниот ум едноставно е распрснат во безброј правци во бесконично различни вниманија ,без некој систем .Едноставно како дојде така .Еден вид авто пилот или дифолт
По автоматизам се движиш низ овој живот полн со стрес кој неретко се граничи со болест без да помислиш кое е решението
Каде води твојот живот ?Дали ова јасно го гледаш ?
Ако не знаеш каде одиш ,дали значи дека се губиш ,бесцелно ?
Просто е нереално како образовниот систем не не учи на најосновните и најважни работи во животот
Пр: Како се прават пари?
Како да живееш во баланс со околината ,пријателите и блиските
Како да имаш добри релации со луѓето ?
Како да се ослободиш од негативностите во животот?
Просто никој не ти кажува како да стекнеш вештина и спосбности да се свртиш кон повисока информација ,ниту ти го покажува тоа .
Реално луѓето не ни имаат поим дека воопшто постои некаво знаење ,технологија со помош на која ќе им се унапреди сопствениот живот.
Што слушаме најчесто од луѓето ,сите ти викаат
ама тоа е реалноста
Биди реална ,Биди реален !!!
Несфаќајќи дека секој има своја реалност која ја пропагира како најдобра !!
И сега се поставува прашањето ,да биде човек реален ,аха a како да биде реален кога гледаме одредени луѓе кои се успешни ,некако се им оди од рака иако не се можеби нешто премногу брилијантни , но некако се фунционира за нив .
Истовремено некои други ,вредни работливи ,паметни стојат во место без некои посебни резултати.
Па тогаш од што зависи една реалност и како таа да е просперитетна ?
Кога се држиме силно и долго за минатото или иднината ,нашите мисли се жални ,тешки ,немирни ,
Па тогаш што носиме во нашиот УМ ако повеќето од времето сме со вакви мисли .Да носиме неред , болка а неретко и хаос .Тоа е всушност закон во Универзумот т.н. ентропија
Што значи овој закон ?
Овој закон значи дека доколку немаш цел ,смисол ,визија кон која се движиш ,ќе западнеш во хаотичен ум или состојба на Ентропија .
Ентропијата не дозволува да се фокусираш во една визија ,и во развивање на ситем кој ќе ти овозможи создавање на живот по твој дизајн .
Нема друга патека на просперитетен живот освен оној што е по твоја мерка ,бидејќи само ти знаеш што е најдобро за тебе ,тоа едноставно друг и да сака не може да го направи.
Сега некој ќе рече ,па многу луѓе се изгубени и живеат од ден за ден ,не знаат накаде точно одат ниту имаат правец .
Тоа е точно
Но зошто е тоа така . Тоа е така бидејќи ние сме единствената врста на планетава која ја поседува комплетно технологијата и сите способности да си дизајнира секој по своја мерка просперитетен и исполнет живот во корелација со другите .
Како да победиш во играва наречена Живот?
Прво за ова е потребно знаење ,вештина и примена ,знаење и тоа не било какво ,туку точно одредено кое откако ќе се слушне научи мора да се имплеметира
Истовремено потребно е внимание ,напор , воља и разбирање на тој концепт
Што поточно ова значи
Победата во животот не е остварување на целта ,
победата е во процесот до крајната цел.
Тоа би значело дека не е поентата ,само да дојдеме до целта ,туку која личност ќе станеме ,ќе се надградиме ,измениме со остварување на победи кои водат до целите .
Прва вештина во како да победиш во играта наречена живот е да научиш да се туркаш себе си и да не чекаш некоја да дојде и да го направи тоа за тебе ,бидејќи тоа не еможно
Зошто не е можно .Бидејќи ако некој дојде ќе си го направи по негово и повторно ќе си назад во систем кој не го сакаш воопшто.
Буткање на себе нанапред ќе те однесе во непознато ,каде ќе дојдеш до нови информации и ќе се здобиеш со нови искуства .
Ова се нарекува љубопитство
За да откриеш ,кој е твојот пат ,потребно е добро да се запознаеш себе .Што можеш ,што мораш ,што не сакаш ,во што уживаш и што одлучи да не правиш веќе
Формулата е следна : Љубопитство + знаење +пасија – отпор= Лична среќа
Личната среќа и самореализацијата е најважното нешто во еден живот .
Но до таму има патека ,која всушност го збогатува животот ,со неверојатни искуства,знаење, маки ,проблеми ,радости ,солзи ,порази и победи .Прошири го својот ум и свест со оваа идеја бидејќи таа го надминува животот со предавање на овие вредности
кон другите .Поврзаноста со светот и со другите луѓе ја прават оваа игра неверојатна .
Рецептот за добар живот е создавај ,проширувај ,надминувај,собирај знаење ,искуства и оди кон својата цел и никогаш не се откажувај
Сега треба да разбереш како да направиш своја игра и да не западнеш во играта на системот или на луѓе кои не се добар пример за просперитет.
Општеството е исто еден вид игра која сите ја знаеме : одиш на училиште ,се вработуваш ,извршуваш обврски ,плаќаш сметки ,слушаш наредби и се пензионираш.Ова го правиш цел живот ,сме го виделе ова насекаде ,и се е увежбано .Дури и да истрпиш ти е увежбано ,и трае до моментот додека не одлучиш да излезеш од оваа редовна патека .
Откако ќе ја избереш твојата игра (живот по твој дизајн) ,потребно е да си ја знаеш твојата улога .Кој ќе бидеш ти ? Која е таа личност што живее така и ги исполнува тие цели ?
Секоја цел ќе побарува од тебе повисоко ниво на вештина ,бидеќи предизвикот е повисок.
Ако си апслутен почетник и не си работел пример бизнис ,лекар ,пекар ,не моеже да си играч на повисоко ниво или само така да се впуштиш -играта ќе ти биде заклучена
Не можеш да одиш на ова патување ,бидејќи немаш стартни вештини ,знаење ,кои ќе те носат низ процесот .Започни кај што си и за да навлезеш во играта мораш прво јасно да ја креираш.
Но Како процесно да го ресетираш животот за 7 дена ?
Ако ситуацијата ти е многу лоша ,потребна е пред фаза на подготовка односно ПРИФАЌАЊЕ.
Прифаќање на се како што е ,комплетно прифаќање.
Што овозможува ова ,веднаш ја намалива тензијата ,ја намалува борбата во тебе ,отпорот ,набојот и бунтот .Оддеднаш ќе започнат да се повлекуваат овие нападни емоции и ти ќе дојдеш во состојба на нормално размислување на победоносни одлуки ,наместо на одлуки донесени во гнев ,фрустрација и револт
* Доколку е голама тага во прашање( загуба на близок) потребен е поинаков систем и поинакво процерирање на жалот.
2,Што толерираш авеќе неможеш ?
Кон што целиш?
Што несакаш веќе да имаш во твојот живот ?
Многу лесно се доаѓа до визијата и одговорите : пр. На сакам да сум во ваква финансиска ситиација ,не сакам да изгледам вака , не сакам да ја работам оваа работа до крајот на животот …
Ова се всушност референтни точки и сега што е спротивно на ова .
Ако сакаш да изгледаш подобро ,што треба да направиш? Ете пример почнуваш фитнес или трчање и за кратко ќе увидиш можеш ли вака или треба измена .И почнуваш да истражуваш и така развиваш систем на пробување и победување и само се одредува како ќе се движиш .Одлуките ќе ти бидат се подобри и подобри под услов да останеш на патеката упорно .
Не е можно едноставно да знаеш се .несигурноста треба да ти е пријател ,бидејќи ако бараш познато ќе се вратиш онаму од кај што се извлече
Не може да победиш без да згрешиш.
Грешките се светлина во мракот .Па затоа започни со минимална стартна визија која ќе еволуира понатаму.
Како сакаш да изгледа твојот живот?
Како сакаш да изгледа твојот ум?
Како сакаш да изгледа твоето тело?
,дом?
куќа?
,ден ?
недела ?
Запиши детално ,па наврати се пак на процесот се додека не стане јасно накаде одиш .Визијата никогаш не е комплетна ,се бараат стартните точки .
Послденователно направи акционен план со кратки цели а потоа со поголеми или подолгорочни
Ако немаш цели ( небитно на која возраст си ) запаѓаш по автоматизам во ентропија или
назад во хаосот на како сакаат други ,како треба или онака сличајно како се отвори така .
Но ти тука не си за да овој процес оди случајно ,ти си овде затоа што бараш начин да влијаеш на случајностите и судбината .
За целите не треба голем притисок ,само јасност накаде одиш.
3,Следно е ставање приоритети
неможе во новата визија со истите навики или со зголемен обем на приоритети .Тоа е неодржливо .Значи ќе треба пречистување на приоритети,нивно отстранување на некои и структурирање на денот.
Кои се тие активности што ќе дадат резултати
Точно се знае што веднаш треба да преземеш.
-отстрани препреки
-исчезни од луѓе ,настани ,непотребни драми ,апликации ,повлечи се за да си вредно работиш на она што го сакаш
Култивирање на поинакви навики
Личноста која ги остварува зададените цели има други навики ,носи други одлуки ,реагира поинаку .Па затоа бидејќи градиш нов систем ,во истиот и ти се менуваш и го градиш својот ментален мускул
Започни пополека со само 1 час дневно и почни го твојот животен проект
Ако не можеш да најдеш еден час за себе и твојот живот ,врати се назад на точката за приоритети и преиспитај ги истите .
Запомни старите навики те држат во пранги ,на тебе останува упорноста што ќе преземеш за себе .
Не се откажувај
Вообичаено откако ќе ја креираш визијата ,може да се случи да се исплашиш од она што го сакаш и да мислиш дека е недостижно ,може и да навлезеш во немир и повлекување или едноставно другите те предомислуваат ( што е нормално и за нив е непознато таму
кај што сакаш)
Гледај во целта и не ја испуштај визијата ,мисли само на следниот чекор .
Нема инстант успех!!
Инстант успех е мит!