Почитуван Корисник,
Ве поттикнуваме да ја прочитате Политиката за приватност пред да започнете со посета и користење на услугите на веб сајтот https://valentinaquantum.com (“интернет страна/страна/сајт”), кој е во сопственост на Друштво за производство, трговија и услуги ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО Експорт-Импорт Скопје, со седиште на ул. Тајмишка бр. 10, Скопје, ЕМБС: 6142494 и ЕДБ: 4030006604529
Со користењето на интернет страната ќе се смета дека сте согласен со Политиката за приватност и потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале условите под кои се обработуваат вашите лични податоци и со тоа дека ја прифаќате оваа Политика за приватност.
Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци интернет страната го врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци и неговите измени и дополнувања.
При регистрација на кориснички профил и/или купување на дигитални содржини од интернет страната од Корисникот ќе биде побарано да ги внесе следните податоци:
- Име и презиме;
- Е-маил адреса;
- Адреса; и
- Телефон за контакт.
Не внесувањето или нецелосно внесување на потребните податоци претставува пречка за регистрација на кориснички профил на интернет страната и/или комплетирање на нарачката. Инетрнет страната нема да ги зема во предвид нецелосните нарачки. Корисникот е одговорен за точноста и вистинитоста на податоците наведени при регистрација на кориснички профил на интернет страната и/или при нарачка на дигитални содржини. Интернет страната нема обврска да ја проверува точноста на податоците наведени од страна на Корисникот и не превзема никаква одговорност за неточни податоци.
Личните податоци се собираат директно од Корисникот со негова согласност. Доколку Корисникот внесе или на друг начин достави до интернет страната податоци од трети лица ќе сметаме дека лицето кое ги доставило ваквите податоци има согласност од третото лице, а интернет страната нема да сноси никаква одговорност за обработката на таквите податоци. Интернет страната е наменета за за полнолетни лица (со навршени 18 година).
Напоменуваме дека личните податоци наведени во безбедната форма при вршење на плаќање не се обработуваат од интернет страната туку од банката, поради што ќе важат политиките за заштита на личните податоци/приватност на банката односно интернет страната не ги обработува податоците за бројот на платежната картичка, носителот на платежната картичка, CVV2 или CVC или други податоци доставени во процесот на плаќање.
Горенаведените податоци се потребни единствено заради регистрација на кориснички профил на интернет страната како и за исполнување барањата на Корисникот односно пристап до дигиталните содржини на интернет страната. Податокот за е-маил адреса може да се користи и за испраќање на средства за информирање (newsletter) до Корисниците кои регистрирале кориснички профил или се пријавиле за добивање на средства за информирање (newsletter). Согласноста за добивање на средства за информирање (newsletter) Корисникот може да ја повлече во секое време со испраќање на известување на следната емаил адреса: apostoloska_valentina@hotmail.com .
Податоците добиени со согласност на Корисникот ќе се обработуваат и чуваат во базата на податоци се додека постои согласност на Корисникот, односно додека таа не биде повлечена. Корисникот може да побара да се корегираат и/или дополнат податоците доставени до интернет страната со испраќање на барање на следната емаил адреса: apostoloska_valentina@hotmail.com
Корисникот може да ја повлече согласност за собирање, обработка и употреба на лични податоци во секое време со отповикување на согласноста на следната емаил адреса: apostoloska_valentina@hotmail.com.
Податоците што интернет страната ги собира врз основа на законот, е должно да ги чува онолку долго колку што е определено со закон или друг позитивен пропис.
Во случај на постоење и/или сомнеж за постоење на повреда на личните податоци интернет страната се обврзува да го извести Корисникот како и надлежните институции.
Интернет страната се обврзува дека нема да ги споделува и/или открива доставените податоци освен во случаи утврдени со закон или по налог на надлежните органи.
Измените и/или дополнувањата во Политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa најмалку 10 дена пред да стапат во сила.