Почитувани Посетители,
Веб сајтот https://valentinaquantum.com (“интернет страна/страна/сајт”), е во сопственост на Друштво за производство, трговија и услуги ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО Експорт-Импорт Скопје, со седиште на ул. Тајмишка бр. 10, Скопје, ЕМБС: 6142494 и ЕДБ: 4030006604529.
Ве известуваме дека посетувањето на интернет страната и трансакциите направени на истата подлежат на доленаведените услови и правила, поради што Ве замолуваме пред да продолжите со користењето на интернет страната да се запознаете со истите.
Со посетата на интернет страната и нејзината употреба Вие (Корисник), изречно изјавувате и се согласувате со Политиката на колачиња како и со Политика на лични податоци објавени на интернет страната.
Општи услови
Интернет страната претставува платформа создадена да им овозможи на Корисниците информирање и/или купување на дигитални содржини.
Целата содржина на интернет страната, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се сопственост на ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО и се заштитени со закон. Превземањето на информации, податоци, слики и/или дигитални содржини, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот на интернет страната е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба.
Интернет страната може содржи и елементи кои содржат ексклузивни авторски права и други права на интелектуална сопственост на други лица во кој случај тие лица имаат единствена одговорност за содржината на споменатите елементи, без разлика што таквата содржина е на Интернет страната. Во согласност со законите на Република Северна Македонија Интернет страната како пренесувач на овие содржини, не е одговорна за содржината на испратената порака и нејзиното упатување.
Корисникот кој пристапува до интернет страната е должен да се воздржи од какво било однесување што може да претставува злоупотреба на интеренет страната како целина или нејзини делови како што се вклучувајќи, но не ограничувајќи:
- Да попречуваат и/или оневозможуваат било кои функции поврзани со безбедноста на интернет страната или функции што ја спречуваат или ограничуваат употребата на интернет страната и/или копирањето на достапната содржина во целост и/или делумно;
- Да објавуваат и/или пренесуваат на интернет страната било каков материјал што е или може да се смета за заканувачки, непристоен, навредлив, порнографски или злоставувачки. Ова исто така важи и за материјали кои можат да поттикнат расна омраза, да предизвика вознемирување поради повреда на приватноста или довербата со одредени дискриминаторски, заканувачки или провокативни коментари;
- даваат неточни информации во врска со личните податоци;
- користат туѓи лични податоци без изречна согласност на лицето чии податоци се користат (без разлика физичко или правно)
- да ја изменуваат, попречуваат, или онеспособуваат интернет страната во целост или нејзини делови;
- да користат програми заради преземање содржини од интернет страната;
Доколку се утврди повреда на било кои од тука наведените правила го задржуваме правото да ја откажеме примената нарачка и/или да го ограничиме или целосно онеспособиме пристапот на Корисникот кој ги повредил Општите правила како и да ги известиме надлежните институции.
Корисникот признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО и ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО нема да биде одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку интернет. Иако наша цел е интернет страната да биде достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата, интернет страната може да биде недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.
Услови за купување
Дигиталните содржини објавени на интернет страната се наменети за полнолетни лица (со навршени 18 година).
Корисникот врши избор на дигитална содржина или пакет на дигитални содржини кои се објавени на делот од интернет страната “E-платформа” со притискање на копчето “Во кошничка”. По изборот на дигитална содржина или пакет на дигитални содржини Корисникот продолжува со постапката за наплата каде ги доставува потребните податоци за успешно комплетирање на нарачката и плаќање на истата. За начинот на обработка на личните податоци Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за приватност. Со кликнување на копчето “Поставете нарачка”, Корисникот ќе биде пренасочен кон безбедна форма за плаќање која се одвива преку Халк банка АД Скопје, при што ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО не врши обработка на податоците кои Корисникот ги наведува во постапката за плаќање.
Цената на дигиталните содржини објавени на интернет страната се изразени во македонски денари.
Го задржуваме правото за промена на објавените цените, во согласност со политиката на друштвото, без претходно известување за корисниците. Промените на цените ќе важат за сите нарачки направени по стапувањето во сила на новите цени. Сите потврдени нарачки пред стапувањето во сила на новите цени ќе се извршат според цените кои биле во важност во времето кога се направени нарачките. Корисникот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката.
Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи ќе бидат посебно означени како посебни понуди. Корисникот може да избере една или повеќе дигитални содржини, како и пакет на дигитални содржини објавени на интернет страната.
Корисникот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. По комплетирање на нарачката, на електронската пошта на Корисникот ќе биде испратено известување за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на Корисникот.
Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку Халк банка АД Скопје.
Изјава за конверзија
Сите плаќања ќе се вршат во валутата на Република Северна Македонија – македонски денари (МКД). Износот за кој ќе биде задолжена Вашата платежна картичка ќе биде изразен во Вашата локална валута преку конверзија во истата по курсот на банката на корисникот во моментот на плаќањето, а кој не може да ни биде познат во моментот на плаќањето. Како резултат на оваа конверзија, постои можност за разлика во цената наведена на интернет страната и износот кој ќе биде наплатен од страна на банката.
ДОСТАВА/ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ СОДРЖИНИ
По целосната уплата на избраните дигитални содржини Корисникот ќе добие потврда за извршената нарачка на својата е маил адреса. По потврдата на приемот на средствата од страна на ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО, на Корисникот ќе биде известен дека избраните дигитални содржини и/или пакет дигитални содржини се достапни за прегледување на интернет страната. Корисникот пристапува до избраните дигитални содржини и/или пакет дигитални содржини со најавување на интернет страната (внесување на корисничкото име и лозинка). Сите дигитални содржини се достапни на сајтот во ограничен временски период во зависност од понудата и/или програмата како и согласно видот на претплатата на Корисникот.
Приговори на корисниците
Корисникот може да поднесе приговор за дигиталните содржини купени на интернет страната по електронски пат на е маил адресата apostoloska_valentina@hotmail.com
Се обврзуваме да одговориме на поднесените приговори во најбрз можен рок, но не подоцна од 15 дена од денот на прием на приговорот. Одговорот на приговорот содржи одлука дали се прифаќа или не се прифаќа изнесениот приговор со образложение за донесената одлука. Доколку го прифатиме изнесениот приговор во одлуката ќе биде даден конкретен предлог за начинот на решавање на приговорот или средствата ќе му бидат вратени на Корисникот во рок не подолг од 72 часа од денот на прифаќање на приговорот.
За сите приговори и поплаки во врска со извршеното плаќање, Корисникот може да се обрати директно до банката преку која е извршено плаќањето заради конечно решавање на приговорот. Постапката по приговорот ќе спродолжи според правилата и условите на банката преку која е извршено плаќањето.
Информирање
Интернет страна има/може да има средства за информирање (newsletter) кои ќе ги доставува до Корисниците кои ќе ги достават своите е маил адреси во процесот на регистрација на кориснички профил или ќе се пријават за добивање на средствата за информирање. Корисниците кои ќе ги достават своите емаил адреси се согласуваат на истите повремено да им биде испраќани рекламни пораки со понуди од Интернет страна. Корисниците можат во секое време да ја отповикаат дадената согласност за добивање на средството за информирање.
Решавање на спорови
Сите евентуални спорови кои би произлегле од користењето на Интернет страната, страните се обврзуваат да ги решааваат спогодбено. Доколку во тоа не успеат надлежен за решавање на споровите е Основниот граѓански суд Скопје.
Измена на Општите услови
ГЛОБАЛ КРЕАТИВА-ВИС ДОО го задржува правото во било кое време да ги измени и/или дополни Општите услови, за што ќе ги извести Корисниците преку електронска пошта и/или ќе ги објави изменетите/дополнетите Општи услови најмалку 10 дена пред нивното стапување во сила. Сите трансакции направени по измената на Општите услови, а пред нивно стапување во сила ќе бидат исполнети согласно Општите услови кои биле во важност во времето кога е направена трансакцијата.
КОРИСНИКОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.